За нас
Јове Хагиевски
Јове Хаџиевски е психолог, м-р на психолошки науки, психотерапевт, гешталт терапевт. Својата работа како психолог ја започнува во здравствениот дом во Битола „Др. Трифун Пановски“ во советувалиштето за деца од претшколска возраст. Понатаму своето постдипломско неформално образовние за психотерапевт го завршува во „Гешталт центар-Белград“ под водство на Младен Костиќ. Од 2001ва година работи и живее во Соединетите Американски Држави во Кливленд, Охајо, кадешто завршува доекукација за гешталт терапија, специјализирана за работа со парови и мали системи. Извесно време работи во Medical Center Mercy, во Кливленд, Oхајо, а потоа како соработник за ментално здравје во Психијатриската болница за деца и млади во Колумбос, Охајо. Исто така подоцна започнал со работа во своја приватна пракса. Во 2010та година се враќа во Македонија и го основа Интернационалниот гешталт институт на Македонија, кадешто работи како психотерапевт и тренер за гешталт терапија. Во својата долгогодишна работа како психолог и психотерапевт има искуство во работа со деца, возрасни, психодијагностика, парови и семејства со најразлични проблематики.
Колумни
Сеопфатното сексуално образование и проблемот на родовиот идентитет
Дора Попова-Узуновски, психолог и психотерапевт магистер по клиничка и советодавна...
Read MoreКога родителот се задушува од родителство
Дора Попова-Узуновски, психолог и психотерапевт магистер по клиничка и советодавна...
Read MoreДа ги учиме децата на благодарност
Доколку родителите ги учат децата на благодарност, всушност, ги учат...
Read More