За нас

Емилија Тодороска

Емилија Тодороска е дипломиран психолог, РЕБТ психотерапевт под супервизија. Го завршила своето високо образование на Универзитетот ‘’Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, каде ги продолжува и мастер студиите во областа на Клиничка психологија на Филозофскиот Факултет. Својот интерес, после основните студии, го насочува кон психотарапијата и моментално е во последна година од специјализацијата за Рационално-емотивно и когнитивно-бихевиорална психотерапија (РЕБТ), при Српскиот Центар за РЕБТ во Белград. Го користи ЕМДР мотодот во психотерапијата за справување со трауми. Веќе три години работи како психолог во Армијата на Република Македонија, каде активно се служи со советодавна, психотерапевтска, дијагностичка работа.

Колумни