За нас

м-р Дора Попова Узуновски

Дора Попова Узуновски е психолог, гешталт терапевт и м-р на психолошки науки од областа на клиничката и советодавната психологија. Основач е на Центарот за применета психологија “Дора“, кадешто активно работи веќе седум години. Има богато искуство во работа со психотерапија со возрасна популација во делот на личен раст и развој, анксиозност и панични напади, депресија и траума, адолесценти, како и со родители и деца со типичен и уреден развој. Во рамки на Интернационалниот гешталт институт на Македонија е соработник и тренер. Редовно посетува различни доедукации, семинари и работилници во земјата и странство со цел усовршување на професијата и личната професионалност.

Колумни од Дора