Секоја организација се соочува со специфични предизвици за кои тимовите се најпрактичното и најмоќното средство на располагање на менаџерот. Критичната задача за постарите менаџери е да се грижат за генералниот перформанс и за видовите на тимови што би можеле да ја спроведат работата. Ова значи дека раководството мора да го пронајде уникатниот потенцијал на тимот што би можел да оствари резултати, стратешки да ги распореди тимовите кои претставуваат најдобар инструмент за работа, и да ја одржува основната дисциплина на тимот што може да ги направи ефективни. Со тоа раководството создава атмосфера што го поттикнува индивидуалниот ангажман, како и работата на организацијата воопшто.
Тимовите и добриот перформанс одат заедно; не одат еден без друг.